Skip to content

Колку пати само…

А колку пати сакав да седнам на сред пат,
да седнам и да замолчам и само ветрот да ме допира,
колку пати само посакав да сум статуа од мермер и прав да ме покрива.

Колку пати само лузни гледав и таму кај што нема
и птици слушав кај што пиле не пропева,
колку пати само вулкани криев под лицево со мирна морска насмевка.

Колку пати само на рибите љубоморев
што можеа да пливаат и да нуркаат в темнина,
колку пати само за морето ќе им ја дадев земјата…

Колку пати само копнеев по мир и тишина…
Колку пати само, иако не знаев да пливам,
тешко дека ќе ја сменев одлуката.

Напишете коментар