Skip to content

Мајски ѕвончиња – Бошко Смаќовски

Ги ниша ветрот мајските ѕвончиња,
а тие заносно ѕвонат,
небаре стотина врaнести коњчиња
топот в далечина ронат!

Се чудат тревите сонливо гушнати
кој ли е тој што ги буди?
– Ах, што нѐ будите предвреме,
слушнете, ѕвончиња, ѕвончиња луди!

Во шипот славејот отвора очиња,
го гледа утрото красно:
– Еј, вие малечки, немирни ѕвончиња,
што се кикотите гласно!

Игра над тревите ветрето весело,
ронат стебленцата смеа,
мајските ѕвончиња топло зенесени
песни за утрото пеат.

 Бошко Смаќовски

Напишете коментар