Skip to content

Ми дојде мај – Анастасија Лефкоска

Ми дојде мај.
Со крилја раширени, со песни распеани,
со цутови расцутени,
со мириси од длабок сон разбудени.

Ми дојде мај
Даде што ми ја дарува,
мај што душава ми ја украсува
што љубов на пролетта неуморно му изјавува и ја бакнува земјата треперлива.

Ми дојде мај што пред дваесет и една година ме дочека,
што ме зеде од јули во својата прегратка
и даде живот полн со проза и поезија каков што душа ќе посака.

Ми дојде мај ко топлина
на душава расклатена,
со корења на дрва што растеле во Еденската градина
и плодови невидливи распослани во тишината.

Ми дојде мај – ме погали,
ми рече “Пушти ја зимата,
ти си мое дете, а мое дете со мене не тагува,
штом му дојдам јас на врата – се лекува.”

Ми дојде мај, ми се насмеа,
шепотејќи: “Насмевни се и ти,
срце пак ко мене што ме сакаш ќе засака,
оган ќе ти донесам, а не искри.

Напишете коментар