Skip to content

Му пркосам на животот – Јасмина Јошевска

  • by

Не постои сомнеж дека секој човек е раководен од својата потсвест и различно гледа на исти нешта т.е. посебно си ги перципира своите мисли. Но, моето искуство ме прави поинаку да размислувам, зошто сега сум зависна од сопствената свежина која ме удостојува од сопствената насмевка. Тежнеам со душевна развиеност и реално додавам фикција за да го обојам со љубов светот и можам да кажам дека животот е убав за живеење колку и да е тежок. Да, има милион нешта што би ги сменила барем на кратко.

Но, тогаш нема да биде исто ништо, што баш мене ме привлекува да ги уживам опојните мириси на прекрасните моменти кои ми ги пружи токму тој живот. Заспаното го будам со копнежи кои не згаснуваат, ги идеализирам остварените личности кои сѐ уште дишат во своите градови и сѐ уште не учат дека ништо не е лесно, сепак е убаво да се радуваш на правците кои ги носи ветерот до нас. Пркосам против сите неправди и храбро одам напред за да доловам уште повеќе разлетани радости на другите луѓе нивната среќа мојата најголема веселба.

Ох, животот е огромна шанса ем да се спомнеш себеси, ем да делуваш на повеќе полиња, ем да буди зрно надеж кое полека но сигурно си ја пронашло смислата во монолитот на разумот.

Прекрасно е кога знаеш да ги уредиш временски ударите од животот секој во својата ќелија и да воскреснуваш слушајќи нови ноти кои се интонација само за својата суета. Можеби не премногу но со мали нешта секогаш може човек да промени нечие срце студено. И малку ми е еден живот да го изразам своето дело, зошто сигурно некаде каснам, а некаде ќе подранам но, така само учам од него, животот, најдобриот учител.

Не пропуштај го како последен лет, туку силно соочи се со крената глава, со секаквите предизвици и возбуди го животот. ТОЈ ТИ Е. НЕМА ДРУГ. Искористи го да бидеш најдобар што можеш до максимум уживај во ретките плодови кои ти ги принесува. О, да јас целосно го љубам, Го живеам мојот ЖИВОТ!!!

Јасмина Јошевска

Напишете коментар