Skip to content

Кратка приказна за дабот и жалната врба

На еден рид растеле две дрва, еден даб и една врба. Дабот растел среќно листајќи и ширејќи се во висина и ширина. Птиците задоволно одмарале во неговите крошни. Тој знаел да им се восхитува и да разговара со нив, а тие за возврат му пееле. Имало ладни и дождливи денови без Сонце, долги зимски ноќи, но ова дрво не се загрижувало, имало доверба од семето од кое никнало.

Другото дрво постојано се грижело. Ноќе плачело и ги бркало птиците од својата крошна. На ова дрво секогаш за сè му било криво. Се жалело на целиот глас и поради тоа сите го нарекле жална врба. Врбата покрај толку плачење и жалење се закржлавила и останала мало грдо дрво.

Селаните кога од далечина виделе дека им ја грдее сликата покрај моќниот даб, се договориле да го исечат. Замавнале неколкупати со секирата и дрвото во кое повеќе немало живот, паднало. Таква судбина доживеала врбата која ја прозвала со своето постојано јадосување. Додека дабот растел сам на ридот, но никогаш не се чувствувал осамено.
Бидејќи е моќно и големо дрво во чијашо сенка луѓето одмарале летно време, птиците спиеле во неговата крошна, вервериците скокале, а ветрот свирел тивко успивајќи ја ноќта и самиот даб.

Можеби ќе ве интересира да ја прочитате и приказната за љубовта и времето.

Напишете коментар