Skip to content

Како се чува љубовта? – Поучна приказна

Еден прекрасен сончев ден мајка и син се шетале на плажа.  Одеднаш детето ја прашало: “Мамо, како се чува љубовта?” Жената се насмевнала, веќе навикната на сериозните прашања на нејзиниот син. “Земи малку песок во рацете и силно стисни го во дланката.” Рекла жената. Детето направило како што му кажала и колку што посилно го стискало песокот, толку повеќе песок паѓало од неговата рака.

“Но, мамо, песокот ми бега.” Одговорило детето. “Знам” му одговорила таа, а потоа додала “Сега отвори ја целосно дланката.” Детето ја послушало, но во тој миг дувнал силен ветар и го однел целиот песок од неговата мала дланка. “Ниту на овој начин не успевам да го задржам песокот.” Рекло збунето детето. На тоа жената само  се насмевнала и му кажала:

“Сега земи малку песок во раката и држи ја дланката како да е во облик на лажичка, доволно затворена за да го заштитиш песокот, но и доволно отворена за тој да биде слободен.” Детето направило како што му било кажано и песокот му останал во дланката, доволно заштитен од ветрот и доволно слободен за да не се лизга низ прстите. „Ете така се чува љубовта.” Изговорила жената бакнувајќи го челото на нејзиниот насмеан син.

Прочитајте ја и поучната приказна за „Тежината на една снегулка“.

Напишете коментар