Skip to content

Рабиндранат Тагоре – Жена – сон

Рабиндранат Тагоре (7 мај 1861- 7 август 1941), наречен Гурудев, е Бенгалски поет, новелист, музичар, сликар и драмски писател кој имал големо влијание врз Бенгалската литература и музика. Роден е на денешен ден во 1861 година.

Во 1913 година ја добил Нобеловата награда за книжевност за делото ‘Гитанџали’. Тој бил духовен поет кој рано се прославил на Западот но неговата ‘едноставна но магична поезија’ сѐ уште останува неразбрана надвор од границите на Бенгал. Уште од својата осма година Тагоре започнал со пишување на поеми. На шеснаесет години, ја објавил својата прва збирка поезија под псевдонимот Банушинго (‘Сончевиот лав’) и ги напишал првите раскази и драми во 1877 година.

Тагоре бил против Британска Индија и ја подржувал идејата за независност и се борел за истата преку Универзитетот Висва-Барати, чиј основач бил тој. Тагоре ги модернизирал старомодните класични форми на бенгалска уметност. Неговите новели, приказни, песни, театарски претстави, и есеи опфаќаат теми од политичкиот и секојдневниот живот. Меѓу неговите најдобри дела се вбројуваат Гитанџали, Гора и Дом и свет, а неговите стихови, раскази и новели се препознатливи по лириката, колоквализмот, натурализмот и контемплацијата. Воедно, Тагоре е единствениот книжевник кој има напишано химни за две држави, а тоа се: Џана Гана Мана- индиската национална химна и Амар Шонар Бангла- бангладешката национална химна.

Уживајте во неговата „Жена – сон“.

Жена – сон

О, жено, ти не си само божјо создание, туку и човеково;
и двајцата те опсипуваат со убавина од
своите срца.
За тебе поетите нижат златни нишки од мечтите,
а сликарите секогаш одново и даваат бесмртност на
твојата форма.
Морето го нуди својот бисер, рудниците своето злато,
градините своето цвеќе – за да те накитат,
да те покријат, да те направат подрагоцена.
Мечтите на машките срца со својот оган
ја осветлуваат твојата младост.
Ти со половина жена половина сон.

Прочитајте ги и следниве Цитати за човекот и љубовта кажани од големиот поет Рабиндранат Тагоре.

Напишете коментар