Skip to content

За миг светот да запре – Лина Димоска

Сакам да ми се појавиш пред врата.
Да никнеш од нигде-никаде.
А јас во пижами и целата бушава
вратата да ти ја отворам,
Да зјапам неколку секунди во тебе.
Очи да тријам.
На себеси да не си верувам.
Да не ми се верува дека ти стоиш пред мене.
А ти само да ми се смешкаш,
да ти се насмеат очите твои темни.
„Оти не ми кажа дека си дошол?
Оти не ми кажа дека ќе дојдеш?“
целата збунета да те прашам.
„Не туку зборувај многу.
Оди, спремај се и излегуваме.“
да ми речеш ти.
А јас од возбуда ни внатре да не те викнам,
да те оставам пред врата да дремиш.
Набрзина да облечам маичка и фермерки,
косата некако да ја стуткам
и да излетам низ врата.
Да ти се нурнам тебе в прегратки.
Да го испиеме кафето конечно.
Потоа да почнеш фарметките да ми ги откопчуваш.
„Нели црвени гаќички ми вети првиот пат?“,
да ме потсетиш,
да ме прашаш.
А јас, од возбуда скроз сум заборавила,
некои бели со розеви цветови сум облекла.
Да ти ги турнам дланките.
Да си ги закопчам фармерките.
Да ти се потпрам на рамено
и очи да затворам.
Токму тогаш,
барем за миг светот да запре,
барем за миг на светот да заборавам…

Напишете коментар