Skip to content

Шпанија, вечна инспирација за шпанските поети

Шпанија, родно место на големи писатели е полна со места што ги инспирирале многу познати поети кои се родени во оваа прекрасна земја. Пејзажите, полињата или морето кои се протагонисти на нивните стихови навистина постојат и сакаме да ве инспирираме да ги прочитате стиховите на овие поети но и да посетите некои од овие прекрасни места ако досега не сте го направиле тоа.

Гранада

Гранада е на врвот на листата дестинации што ги инспирирале поетите. Федерико Гарсија Лорка не го заборава својот роден град на кој му посветува зборови како следниве: „Не можете да ја одбраните Гранада од народот; зошто од ласкање ништо или никој не може да се одбрани“.

Но, тој не е единствениот.  Антонио Мачадо, категорично изјавува:  „Секој град има свој шарм. Гранада има свој, оној на сите други градови“. За Лопе де Вега, Гранада е исто така рај на земјата.Не знам како да ја наречам оваа земја на која стојам. Ако она што е под моите нозе е рај, тогаш што е Алхамбра? Небесата? ”.

Куенка

Куенка, град прогласен од УНЕСКО за светско културно наследство, во себе крие многу убавини. Толку многу што стана едно од оние места што ги инспирираа познатите поети. Но, јас нема да бидам оној што ќе го опишам, големиот Камило Хозе Села ги најде вистинските зборови за тоа: „Измислената Куенка, толку чиста, сребренеста, излиена од нежни камења, создадена од откривенија и тајни – кои делат иста страст – кубистичка и средновековна, елегантна, смела, жестока, нежна како трудна волчица, расеана и отворенa; Куенка, светлосна, крилеста, воздушеста, спокојна и луда, бесконечна, еднаква, опсесивна, благородна; таа стара Куенка.

Кордоба

Кордоба е исто така меѓу дестинациите што ги инспирираат поетите. Во оваа земја е роден еден од најголемите поети на Златното доба, Луис де Гонгора. Поетот му посвети сонет на својот град: „О, плодна низино, о, високи планини, красејќи ги небесата, позлатувајќи го денот! О, татковино моја, славна во сите векови, колку за нејзините пера, толку и за нејзините мечеви! Ако меѓу тие урнатини не остане она што Генил го збогатува, Даро го поплавува и мисливе мои со тебе не се хранат; тогаш никогаш не дозволувај на моите отсутни очи да заслужат да ги видат твоите sидови, твоите реки и твоите кули, твоите низини и ридови, земјо моја, о цвету мој Шпанијо! “

Прочитајте и за Исправи се, Делфина, филм инспириран од вистински настан, животното достигнување на Атина Бојаџи.

Напишете коментар