Skip to content

Самец – Александра Стојановиќ

Самец,

по улиците

на овој темен град чекори.

Отпуштајќи го железниот ланец,

отплови со последниот чамец.

Зборовите тажни,

допатуваа на нејзинот праг,

но за неа повеќе тој не беше драг.

И додека таа чекореше во заборав

јас морав

оваа песна да ја творам.

Низ телото твое

црна крв се лее,

а моето чамче

низ нов живот тлее,

како невидлива искра

за мене и не толу блиска.

Сказните збрани

во моето срце,

ги пуштам слободно

на сите страни,

нека одлетаат

од мојата фантазија,

можеби ќе продолжат

кон онаа галаксија.

Како прашина ќе изчезнат

мислите земни,

како ѕвезди темни.

Александра Стојановиќ

Напишете коментар