Skip to content

Влатко Лозаноски – Лозано им ја поклони песната „Вардаде“ на слушателите

Влатко Лозаноски – Лозано пред неполн месец на слушателите им ја поклони најновата песна и спот „Вардаде“. Песната и спотот се дел од неговиот најнов проект насловен „Километри“. Музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски, а текстот е на Магдалена Цветкоска – Ена. Тие се веќе долгогодишни соработници на Лозано, а сите се одличен тим кој дава вакви резултати. За целокупната реализација на проектот работеле уште луѓе, дел од нив можете да ги прочитате во описот кај песната на јутјуб.

Уживајте во слушањето на оваа прекрасна, емотивна балада!

Напишете коментар