Skip to content

Замина во туѓа приказна

Не постои некој што може да биде твој.
Барем не за секогаш.
Барем не за на век.
Ама постои некој таков кој ќе ја насмее.
Ќе ја насмее како ниту еден претходно.
Ќе ја насмее ко ти што не ја смееше.
За него, ќе нема попрекрасна жена од нејзе.
Таа ќе му биде сè.
Лудило од петочна вечер.
Грозница во недела на утро.
Депресија во вторник попладне.
Ама толку ќе биде сè совршено вклопено во неа,
што само ќе сака да ја прегрне.
Цврсто да ја стегне.
Да не ја пушти.
Да им забрани на очите нејзини да гледаат друг.
А друг за неа и онака нема да има.
Во очите нејзини не ќе успееш да се видиш веќе ни ти,
оти тој, некој,
ќе ѝ ги насмее очите ко ти што не си ѝ ги насмеал.
И бегај од неа.
Што подалеку бегај.
Заборави ја!
Избриши ја.
Оти не дај Боже да сакаш некоја што не може твоја да биде,
што ќе знаеш дека дури и кога е крај тебе,
таа на некој друг ќе припаѓа.
Не дај Боже така животот да ти мине!
Нема поболна клетва од таа.
Нема пострашна.
Затоа, заврти ѝ грб.
Заборави ја.
Остави ја, среќна нека е.
А ти, не дај Боже вечно да ја сакаш.
Оти таа вечно ќе биде дел од туѓа приказна.
Оној ден кога тој ја насмеа,
таа замина во туѓа приказна.

Напишете коментар