Skip to content

Букет цвеќе – Маринела Станковиќ

Во парк цвета цвеќе,
во него шета дете.
Моjот Сергеј со рачиња мали,
брза  што повеќе да набере,
на мама букет да ѝ подари.
Го гледам и се радувам,
во себе си велам:
Фала ти Господе што ми подари вакво дете мило.
Го земам во прегратка и го гушкам најсилно.
А тој душа мамина рипа се радува,
мамо повели за тебе е,
да си одиме дома да го ставиш во вазна,
со тебе дете мое  душата не може да ми биде празна.
Солза од среќа ми потекува,
срцето од љубов претекува.
За некого си само Сергеј,
за некого само дете,
на мама ТИ си и СÈ.

Маринела Станковиќ

Напишете коментар