Skip to content

Избор раскази: Неделна добрососедска приказна – Владимир Лукаш

Моите комшии се толку тивки, што ни самите не знаат дали се живи. Тивко зборуваат, тивко се расправaат, ручаат во тишина и сонуваат риби во аквариум. Еднаш направија голема домашна забава и сите гости се забавуваа со слушалки на ушите. Облак од непријатна тишина живее над нивната куќа и го сокрива зборливото сонце. Во мојата куќа сѐ е бучно: жестоки расправии, трчање по крцкавите скали, кучешки лаеж пуштен на 10-ка, гласна музика и врескачки кошмари. Не можам да се сетам на ниту еден мирен и спокоен ден, но веднаш можам да опишам десетици прекрасни и прегласни спомени. За ништо на светов не би се менувал со нив, но знам дека во задгробниот живот ќе си ги смениме улогите: ние ќе си правиме блажена скара во катакомбите на Пеколот, додека тие на сиот глас ќе му се жалат на Севишниот дека рајските облаци им се премеки за спиење.

Напишете коментар