Skip to content

Невреме – Дијана Келтаневска

Надојдоа темни, сиви облаци-настана мрак.
Од нигде не се гледаше сончевиот зрак.
Од ден стана ноќ.
Ветерот ја покажа својата моќ.
Силен ветер дуваше во правец десно,
кршејќи гранки од дрвата во градината лесно.
Громови имаше многу често
Силен дожд го фати ова место.
Големи капки дожд паѓаа на земјата доле.
Се поплави тревата од олуците на куќата, кои капеа од горе.
Нè изненади ова невреме што брзо ни дојде.
За кратко време пројде.

Дијана Келтаневска

Напишете коментар