Skip to content

„Потрага по среќа“, краток анимиран филм со силна порака

„Потрага по среќа“ е краток анимиран филм со силна порака која ќе ви отвори нови прашања, но и ќе ви даде нови одговори. Што претставува среќата за секој од нас? Дали во моментов чувствувате дека имате среќа и вие се чувствувате среќно? Како би ја опишале среќата со друг збор? Трагајќи по неа забораваме да запреме и да се посветиме на некои суштински работи во животот. Честопати додека трчаме по среќа не ги погледнуваме благодетите и благословите што ги имаме во моментот.

Времето не се враќа назад, а поради тоа треба да се научиме да ги цениме секоја минута и  секунда што ги имаме на располагање. Како вие го “цените“ сопственото време? Сите имаме 24 часови на располагање во текот на денот. Разликата е само во тоа како ги поминуваме или “трошиме“ тие скапоцени минути кои непрекинато течат. Мислиме дека ќе бидеме среќни кога ќе се случи нешто “спектакуларно“ или кога ќе оствариме некоја зацртана цел. Дали среќата доаѓа сама по себе тогаш? Одвојте барем половина час и размислете на овие теми. Што ве прави вас вистински среќни и каде ја барате својата среќа?

Во продолжение ви прикажуваме краткометражен анимиран филм со времетраење од нецели 4 минути. Без зборови успева многу да ни каже. Наша топла препорака за гледање и гарантираме квалитетно потрошени три минути од вашиот ден. Неговата крајна порака е „Среќата не е дестинација“. Кои се вашите впечатоци? Пишете ни импресии во коментари.

Потрага по среќа – Анимиран филм за среќата

Можеби ќе сакате да го погледнете и следниов анимиран филм „Човекот кој садеше дрвја“.

Напишете коментар