Skip to content

Рабиндранат Тагоре – Ти и јас

Денес ги споделуваме следниве стихови од Рабиндранат Тагоре, индиски поет и писател. Уживајте во читањето!

Ти ми ги исполнуваш мислите
Ден по ден
Те поздравувам во осаменост
Надвор од светот
Ти загосподари
Со мојот живот и смрт.

Како сонцето на излез
Мојата душа тебе втренчено те гледа
Како единствено око.
Ти изгледаш како возвишено небо,
Јас изгледам како бесконечно море
А помеѓу е полната сина месечина.

Ти си секогаш смирена
Јас сум трајно без одмор
Па сепак на далечниот хоризонт
Ние секогаш се сретнуваме.

Напишете коментар