Skip to content

Траги во песокот (кратка приказна)

Една ноќ еден човек сонувал. Сонувал дека шета по плажата со Господ. Преку небото се прикажувале исечоци од неговиот живот. Со секоја сцена на песокот се покажувале два пара отисоци од стапала – едeн пар му припаѓал нему, а другиот на Господ.

Кога завршила последната сцена, човекот уште еднаш ги погледнал трагите во песокта. Видел дека на многу места поврзани со неговиот животен пат постои само еден пар отисоци. Исто така воочил дека тоа е поврзано со најтешките и најтажните случувања во неговиот живот.

Од ова се вознемирил и го прашал Господ:

– Господе, ти рече: „Кога еднаш ќе одлучам да те следам, засекогаш ќе бидам покрај тебе“. Меѓутоа, видов дека во најтешките мигови во мојот живот има само еден пар отисоци во песокот. Не разбирам како си ме напуштил тогаш кога најмногу ми требаше?

Господ одговорил:

– Дете мое, те сакам и никогаш не би те напуштил! Во најтешките моменти од твојот живот, таму каде што гледаш само еден пар отисоци, бев со тебе и те носев.

Можеби ќе сакате да ја прочитате и следнава кратка приказна за дабот и жалната врба.

Напишете коментар