Skip to content

22 мудри цитати за пријателството

Пријателството денес не е исто како што било некогаш. Тоа го нема изгубено значењето, но генерациите поинаку го доживуваат. Што значи пријателството за вас? А што ви претставуваат вашите пријатели? Во продолжение прочитајте ги следниве мисли кои се однесуваат токму на таа тема.

1. „Секој што размислува е мој пријател“. – Наполоен I Бонапарта

2. „Несреќата ги открива нашите вистински пријатели.“ – Аристотел

3. „Најди време за пријателство, тоа е патот до среќата.“ – Мајка Тереза

4. „Меѓу пријателите не треба да се сакаат само оние кои жалат за вашата несреќа туку и оние кои не ви завидуваат на среќата.“ – Сократ

5. „Пријателите често те забораваат, а непријателите никогаш.“ – Ѓорѓе Балашевиќ

6. „Пријателството не бира тоа се случува којзнае поради што, како и љубовта.“ – Меша Селимовиќ

7. „Пријателите ги запознаваме тогаш кога ќе ги изгубиме.“ – Италијанска поговорка

8. „Среќата нам секогаш ни дава пријатели, но несреќата ги проверува.“ – Француска поговорка

9. „Ако при секоја пријателска услуга веднаш мислиш на благодарност, тогаш не си дарувал туку продал.“ – Фјодор Достоевски

10. „Улогата на пријателите е да бидат покрај вас кога грештие. Кога сте во право, сите ќе бидат покрај вас“. – Марк Твен

11. „Пријателите и добрите манири ќе те следат и таму каде што парите не можат да одат.“ –  Маргарет Валкер

12. „Многу луѓе би се возеле со тебе во лимузина, но во суштина ти требаат оние кои би се возеле со тебе во автобус кога лимузината  ќе се распие.“ – Опра Винфри

13. „Го вреднувам пријателот кој за мене наоѓа време на својот календар, но длабоко го ценам пријателот кој поради мене не го консултира својот календар.“ – Роберт Браулт

14. „Најдобар начин да воочиш дали можеш некому да веруваш е најпрво сам да му поверуваш“. – Ернест Хемингвеј

15. „Непријателите, тоа се само нашите пресушени пријатели кои од нас ги дели само некакво недоразбирање или предрасуда“. – Јован Дучиќ

16. „Пријателството кое престанало да постои никогаш не ни постоело.“ – Аурелиј Августин

17. „Не постојат наши постојани пријатели и наши постојани непријатели, постојат само наши постојани интереси.“ – Винстон Черчил

18. „Пријателството се раѓа во моментот кога една личност ѝ вели на друга: „Што? Зарем и ти? Мислев дека сум единствен/а!“ – К.С. Луис

19. „Повеќе би сакала да одам со пријател во мрак отколку сама на светло!“ – Хелен Келер

20. „Без оглед колку сериозност бара животот од тебе, секогаш е потребен пријател со кого можеш да се глупираш!“ – Непознат автор

21. „Вистинската дарежливост не очекува ништо назад.“ – Непознат автор

22. „Пријателството е како пари, полесно се стекнува отколку зачувува.“  – Непознат автор

Можеби ќе сакате да ги прочитате и цитатите за животните промени кои ќе ве инспирираат.

Напишете коментар