Skip to content

Гане Тодоровски – Размисла

Гане Тодоровски почина на денешен ден во 2010 година. Во негова чест, се потсетуваме на една негова песна од збирката „Горчливи голтки непремолк“.

Размисла

Ко залак леб и готлка вино
ми требат денес спокојот и мирот!
Сочувај ме, ти татковино,
бидејќи денот ни е преполн вирови.

Не ме закитувај со одличија,
не можам таков да се сфатам –
Остави, твоето величие
и твоите тегови сам да ги патам.

Не сум ти верник, ниту правоверник,
на лесноверните векот им мина,
ако низ песни ти се доверив
бев само еден од многумимната

коишто сеедно нешто ги мачи,
како расчепкана рана стара –
какво ли богатство им значиш
на тие што те дробат в ситна пара?

На тие сите саможивници,
кои славејќи те – те забораваат,
оти те сметаат за нивна
кога во штедни книшки ќе те стават.

Затоа тебе ти ги кажував
таквите наши болештини мали –
Не си ми ода, сѐ уште си ми тажичка
земјо на недоречени идеали.

Многушто в мислите уште ќе тежи,
срце ќе прекопне целата да те збере –
туку, знам, треба по толку премрежија
таква каква што си да те разбереме.

Напишете коментар