Skip to content

Анархија – Александра Стојановиќ

Мислите мои,

виснати на грбот,

со себе ги носам,

плашејќи се да не ги загубам.

Од мојата душа

како бранови

градат храмови,

на љубов бескрајна.

Ме водат на пат

кон дворови бели,

луѓе смели.

Но јас, на овој кат

да останам сакам,

можеби тука,

нема повеќе да патам.

Кон таа анархија,

душата моја

не може да патува,

можеби знае,

многу ќе тагува.

Тука реши да танцува,

вели ќе се жртвува.

Животот свој

на скалилата ќе го мине,

сѐ додека не загине.

Александра Стојановиќ

Напишете коментар