Skip to content

Позлатено слово – Софија Петковска

  • by

Со Аз, Буки, Веди

посадивте семе

кое дрво сега се стори,

со голема крошна

и корења кои допираат

до изворот на светот.

Со вашите слова ни дадовте надеж

и верба во себе,

со вашите зборови куќа ни изградивте.

Со словенското писмо

во мракот на душите наши

светлост донесовте,

од пештерата на незнаењето нè спасивте

и ни ги отворивте портите кон уката.

Кирил и Методиј,

дар ни подаривте кој цена нема,

дар безвременски,

од колено на колено

ко штафета што се дава.

Ви благодарам

за сите мои книги во библиотеката,

за сите мои напишани песни и текстови,

за сите мои печатени трудови.

Да не бевте вие,

немаше да бидам ниту јас.

Слава ви!

Напишете коментар