Самотија – Виктор Радун Теон

Виктор Радун Теон е роден 1965-та година во Скопје, Македонија. Од 1991-та година живее во Нови Сад. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1990-та година, магистрирал на Економскиот факултет во Суботица во 2003-та година и докторирал на Факултетот за менаџмент во Нови Сад во 2006-та година.

Вработен е како професор по екологија, економија и менаџмент на Факултет за применета екологија Футура, на Универзитетот Метрополитен во Белград. Пишува поезија, проза, есеи и прегледи и објавува во литературни списанија. Тој се занимава со филозофија и студии за иднината. Преведува од англиски на српски и македонски и обратно. Преведуван е на шпански, романски, македонски и словенечки јазик.

Има објавено 11 книги, 60 научни и стручни трудови, околу 50 есеи и литературни критики и прегледи, 7 учебници и превел 30 книги. Оперативен уредник на списанието Бранковина и соработник на списанието Печат.

Книги (негово творештво):

Литература: Јаје једнорога, 2008; Вавилонски водопади, 2012; Чудо Феникса, 2013; Крв и ружа, 2016; Змија олује, 2019; Манифест камена, 2020.

Филозофија, економија, студии на иднината: Конкуренција на нишану, 2008; Светло у човеку, 2017; Храм екстазе, 2017; Трансхуманизам, будућност без људи, 2018.

Член на Управниот одбор на Здружението на писатели на Војводина, Здружението на новинари на Србија и Здружението на стручни и научни преведувачи на Војводина. Претседател на Надзорниот одбор на Стериино Позорје.

Во продолжение прочитајте ја неговата литературна творба „Самотија“.

Самотија

Самотијата е светло кое го гледаат само орлите бидејќи се најблиску до сонцето. Самотијата ја познаваат оние што не се плашат од буката на ветрот над провалија.
Осаменоста не поднесува мочуришта и панаѓури.
Осаменоста е градина од која никнуваат доблести со најретки бои.
Осаменоста не се чувствува со сетилата. Од нејзе извираат најбистри потоци. Таа е како боја на тишината пред мугрите. Умее силно да боли. Толку што таа болка може да скрши. А тие што ќе ја издржат можат мирно да спијат. Бидејќи нивните сништа се океани во кои се негуваат најнеобични суштества. Од тие суштества расте љубовта на новиотден.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?