Skip to content

5 брилијантни писатели со ментално нарушување

Животот на еден автор, особено автор на фикција, е нужно поврзан со она што е најопасно: нашата свест. Често, низ креативниот процес на пишувањето, некои луѓе успеваат да создадат ремек дела. Оваа особина е единствено достапна само за човечкиот вид. Сепак, низ сите грандиозни начини со кои писателите можат да постигнат величина, постои опасен флерт со непознатото, неприфатливото и лудилото.

1. Лав Толстој

Авторот на „Војна и мир“ и „Ана Каренина“ е познат по тоа што создава длабоки и далекусежни заговори. Во неговите дела живеат и повеќе од стотици ликови. Преку нив, Толстој се обидувал да избега од внатршните борби што ги доживувал кога се обидувал да се помири со тешките премрежја во животот. Страдал од сериозни, чести и задушувачки депресивни напади. Неговото животно поглавје завршува трагично. Починал на изолирана железничка станица од пневмонија.

2. Ернест Хемингвеј

Хемингвеј важи за канонска фигура на американската модерна литература. Но неговата психолошка состојба изобилувала со проблеми. Во поголемиот дел од својот живот, Хемингвеј се препуштил на жестоко пиење. Тоа само довело до влошување на неговото ментално здравје. Некои сметаат дека Хемингвеј страдал од биполарно растројство, други од трауматска повреда на мозокот, трети од нарцисоидни црти на личноста. Откако поминал 15 напади со електроконвулзивна терапија, Хемингвеј се разбудил едно јулско утро, ја зел својата пушка и си го разнел мозокот.

3. Силвија Плат

Силвија пишувала поезија од своето најрано детство. Страдала од депресија, која според тогашните методи на лекување, се третирала со нерафинирани техники на електроконвулзивна терапија. После првата сесија, Силвија доживеала слом и  се обидела да изврши самоубиство. Обидот бил неуспешен и барал дополнителна психијатриска интервенција. По низа неуспешни обиди, Сивија била пронајдена мртва во својот стан, каде плинот сè уште течел.

4. Едгар Алан По

Познат е по тоа што ги разјаснува сенките на човештвото. Меѓутоа, во неговите дела може да препознаат демоните со кои се борел умот на По. Неговите самопрогласени склоности кон лудилото, го структуираат неговиот живот. Колку всушност е луд По може да се забележи во неговата најпозната поема „Гавранот“. После смртта на неговата сопруга, самиот По изјавува дека е луд. Во октомври, 1849 година е забележан како лута низ улиците на Блатимор. Не можел да препознае ништо, ниту знаел да објасни како се нашол таму. Умрел во локалната болница, во раните утрински часови, наредниот ден.

5. Вирџинија Вулф

Прозата на Вирџинија Вулф не го претставува само нејзиниот уникатен и креативен дух. Раскажува за предизвиците и страдањата со кои се соочувала во нејзиниот живот. Вулф е ужасната од својата мајка и од својата полусестра Стела. А од полубраќата била сексуално злоставувана. Во текот на целиот свој живот се борела со депресија и доживеала неколку нервни сломови. На 28 март 1941 година ставила камења во џебовите од својот капут и се нурнала во најблиската река од нејзиниот дом. Така Вулф потонала во светот и засекогаш го напуштила физичкиот свет.

Колку и да им биле тешки животите на овие плодни писатели, без оглед на нивната психолошка состојба тие на човештвото му оставиле огромно книжевно богатство.

Прочитајте ги овие 8 факти за животот на Викот Иго.

Напишете коментар