Skip to content

Ралф Валдо Емерсон: „Здравиот разум е генијалност облечена во своето работно одело“

Ралф Валдо Емерсон бил роден на 25 мај 1803 година, а починал на 27 април 1882 година. Бил американски предавач, есеист и поет, но најмногу е запаметен како водач на трансценденталистичкото движење во XIX век. Тој се смета за поддржувач на индивидуализмот и критичар на спротивставените општествени притисоци. Своите мислења ги искажувал преку десетици објавени есеи и преку повеќе од 1500 јавни предавања, кои ги одржувал низ територијата на Америка.

Во продолжение ги споделуваме неговите најпознати цитати кои вреди да се прочитаат!

1. „Смеј се често и многу, заслужи ја почитта на интелигентните луѓе и наклнетоста на децата…Остави го светот подобар, сознанието дека барем еден живот дишел полесно поради тебе, тоа значи успех.“

2. „За секоја минута која ја поминуваш во лутина си изгубил шеесет секунди од твојот душевен мир.“

3. „Не е важна должината на животот туку неговата длабочина.“

4. „Ништо големо никогаш не било постигнато без ентузијазам.“

5. „Добрата книга ги создава добрите читатели“.

6. „Никој не може да ти донесе мир освен ти самиот.“

7. „Мирот не се постигнува преку насилство. Тој единствено се постигнува преку разбирање.“

8. „Да бидеш свој во свет кој постојано се обидува од тебе да направи нешто друго е големо достигнување.“

9. „Човекот е она за коешто размислува цел ден.“

10. „Најдобар начин да имаш пријател е да бидеш пријател.“

11. „Верувај им на луѓе и тие ќе бида искрени кон тебе. Постапувај со нив како да се големи и тие ќе ја покажат својата големина.“

12. „Слабиот човек верува во среќа. Силниот човек верува во причина и последица.“

13. „Земјата се смее преку цвеќињата.“

14. „Сѐ додека човекот си стои сам себе на патот, сѐ изгледа како да му стои на патот.“

15. „Херојот не е похрабар од обичниот човек, но затоа е похрабар пет минути подолго од него.“

16. „Парите обично нѐ чинат премногу.“

17. „Ако не се обидеш да направиш нешто друго освен она што си го усовршил, никогаш нема да напредуваш и да растеш.“

18. „Здравиот разум е генијалност облечена во своето работно одело.“

19. „Најголемо достигнување е да бидете она што сте во светот кој постојано се обидува од вас да направи нешто што не сте.“

20. „Ако сретнеме човек со редок интелект треба да го прашаме кои книги ги чита.“

21. „Бидете внимателни на што го насочувате своето срце бидејќи сигурно тоа и ќе го добиете.“

22. „Човекот со убаво однесување ќе ви го изгвори името како да ви дал племенска титула.“

23. „Човекот не е фармер, ниту професор ниту инженер, тој е сѐ.“

24. „Бидете глупави. Бидете искрени. Бидете љубезни.“

25. „Еднаш кога ќе донесете одлука, целиот универзум ќе се соедини за таа да се исполни.“

26. „Единствено што ти е судено да станеш е она што сам ќе го избереш.“

27. „Критиката не смее да биде злобна и разорувачка, ниту како гол нож и кубење корени. Критиката мора да насочува, поучува, инспирира.“

28. „Лесно е да живеете за други, тоа сиет го прават. Ве повикувам да живеете за себе.“

29. „Убавината без шарм е как јадица без мамка.“

30. „Убавината е квалитет на телото како што доблеста е квалитет на душата.“

31. „Може ли некој да се сети кога времињата не биле тешки и кога парите не биле малку?“

32. „Немојте ни да помислите дека можете да ја избегнете наградаат за своите дела.“

33. „Она што најмногу ни недостига во животот е тој некој кој би не принудил да го правиме она што можеме.“

34. „Природата и книгиет им припаѓаат на сите кои ги гледаат.“

35. „Силата на карактерот е над интелигенцијата.“

36. „Што е плевелот? Билка чиишто квалитети не се откриени сѐ уште.“

37. „Направете го она од кое се плашите и страв сигурно ќе умре.“

38. „Осмели се да го живееш животот за кој сонуваш. Оди напред и исполни ги своите соништа.“

Можеби ќе сакате да ги прочитате и следниве мисли од Марко Аврелиј.

Напишете коментар