Skip to content

Како Пушкин квалитетно го поминал времето во изолација за време на владеењето на чумата?

Во 1830. во светот владеела колерата. Милиони луѓе биле во изолација, а меѓу нив бил и големиот руски писател Александар Сергеевич Пушкин. Во селото Болдин поминал три месеци. Тој период во неговиот живот станува познат како „Есен во Болдин“, израз кој станал и фраза во руски јазик која означува плодно време поминато во изолација.

Со оглед на неговиот немирен темперамент и дека ја оставил штотуку верената убавица Наталија Гончарова и пријателите во Москва, Пушкин неколкупати се обидел да побегне од село, но неуспешно. Немал мир, па затоа морал да ја откаже и свадбата.

Меѓутоа, колку и да бил во лошо расположение поради затворањето, големиот поет го искористил тоа време за да пишува. И тоа не сосема случјано, тогаш настанале и некои од неговите најпознати дела.

Пушкин тогаш ги напишал осмото и деветтото поглавје од „Евгениј Онегин“, сумирајќи го своето дело во завршното поглавје. Сцените од животот на село му послужиле за “Белкиновите раскази “, ги завршил и „Мали Трагедии“ каде се наоѓа и песната „Гозба за време на чумата“.

Останал затечен во старата куќа со неколку книги. Имал во оригинал неколку книги меѓу кои и збирката поезија од Милман Вилсон, вториот том од „Историјата на рускиот народ“ од Николај Полевој, антологија со афоризми од Жан-Пол Готје. Имал и негови стари тетратки со ракописи кои секогаш и секаде ги носел. Во самотијата му преостанало само да пишува. Разговарал со селаните, го проучувал нивниот јазик и дијалект. Преку кнегињата Голицина дознавал за случувањата во главниот град.

Големиот руски романтичарски поет во 1827 година сместен во карантин поради колера, на своите сонародници им испратил и честитка со стихови. Три години подоцна, во самоизолација поради истото чудовиште завршил две поглавја од прочуениот роман во стихови „Евгениј Онегин“ и „Мали трагедии“, книга со раскази и бројни лирски песни. На жителите од своето село им одржал и предавање.

Сѐ ќе замине и сѐ ќе помине,
ќе заминат сите грижи и страдања,
повторно патиштата ќе станат рамни
и градините пак ќе бидат полни со цвеќиња.

Да го повикаме на помош разумот.
Да ја победиме болеста со силата на знаењето,
И деновите на тешкиот испит
да преживееме како едно семејство!

Да станеме почисти и помудри
непогледнувајќи во мракот и стравот.
Да се издигнеме со духот и ќе станеме
поблиски и подобри едни спрема други!

И нека за празничниот стол
Сите повторно му се радуваме на Животот.
И нека и на овој ден Севишниот
испрати парче среќа во секој дом!

А.С. Пушкин 1827 г.

Денес, после скоро два века во светот сѐ уште владее уште едно чудовиште – коронавирус. Лани се соочивме со карантинот, а годинава полека се привикнуваме на настанатите промени во надеж дека конечно ќе извоиме победа над пандемијата. Знаејќи за животите на претходниците, како тие се справувале со изолација, автоматски полесно ни поминуваше сопствената изолација. Овој пример од животот на големиот поет Пушкин, е само еден доказ за успешно поминато време во период на владеење на пандемија.

Можеби ќе ве интересира и „Дали Шекспир ја напишал „Кралот Лир“ за време на владеењето на чумата?“

Напишете коментар