Skip to content

Саем на книга 2021 ќе се одржи во „А1 арената СЦ Борис Трајковски“

Саемот на книгата 2021 ќе се одржи од 8 до 14 септември во „A1 арената СЦ Борис Трајковски“. Саемот е поддржан од Министерството за култура.

Саемот на книгата и оваа година ќе биде организиран во соработка со Македонската асоцијација на издавачите, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албанските издавачи во Македонија.

Организаторите најавуваат дека за време на одржување на саемот протоколите за безбедност ќе бидат најстрого почитувани за што посетителите и изложувачите ќе бидат навремено информирани.

И покрај ограничувањата што се воведени поради пандемијата, се очекува посетата на саемот да биде на очекуваното ниво од повеќе од 20.000 посетители.

Со мотото „Безбедни саеми“, Саемот на книгата е првата саемска манифестација за годинава, а по него следува и Саемот за мебел.

Напишете коментар