Skip to content

Силна за крај – Ирена Блажеска

Во невидлив свет
Те сокрив под платото на маката
Зашто со молк те чував во мислите
Зашто со поглед те посакував
Со душа ветена те прегрнував.
И залудни беа сите денови
Залудни беа сите години
Се борев храбро за нас
Но само еден кога сака
Има ли победа
Има ли успех без болка
Има ли навика без насмевка.
Но не се откажав
Ни момент ни попуштив пред болката
Времето ме стори камен
Безнадежноста ме стопи во сила
Продолжив да се борам
Иако знам дека пак ќе изгубам.

Ирена Блажеска

Напишете коментар