Skip to content

10 занимливости за животот на Ана Франк

Анелис Мари Франк која ја знаеме како Ана Франк е една од најпознатите еврејски жртви на Холокаустот поради нејзиниот дневник објавен после нејзината смрт. Родена е на 12 јуни 1929 г. во Франкфурт на Мајна во Германија. Поголемиот дел од животот го поминала во Амстердам, Холандија. Кога зачестиле нападите на Евреите, семејството в 1942 г. се сокрило на таванот од работната зграда на Ото Франк. После две години некој им дојавил на германците каде се наоѓаат и тогаш ги однесле во логор.

Во продолжение следуваат неколку занимливости и факти за животот и семејството на Ана Франк.

1. Таткото на Ана Франк, Ото, го преживеал Аушвиц. Тој починал во 1980 г. од рак на белите дробови.

2. Од прочуениот Дневник на Ана Франк пред печатењето биле отстранети некои делови бидејќи во нив ги опишувала деловите од своето тело.

3. Концентрационот логор во кој се наоѓала Ана го ослободиле британски трупи само неколку недели после нејзината смрт.

4. Единствената позната видео снимка на која се наоѓа Ана Франк е снимена на 22 јули 1941 г. Во соседната куќа кога некоја девојка се мажела, Ана излегла на прозор од својот дом во Амстердам за да ги види младоженците. Благодарение на брачниот пар кој се согласил да ја отстапи на музејот таа кратка видео снимка ние можеме да ја видиме.

5. „Дневникот на Ана Франк“ е забранет во Либан поради позитивното претстаување на Евреите, Изреал или ционизмот.

6. Ото Франк ѝ напишал писмо на глумицата Одри Хепберн во кое ја прашувал дали сака да го глуми ликот на Ана во филмот Дневникот на Ана Франкс, но таа пристојно одбила. Се претпоставувало дека причина за тоа било дека не сакала да се потсетува на воените трауми кои ги преживеала в Холандија. Но таа тврдела дека имала збиен распоред и дека не можела да одвои време за таа улога.

7. Мормонската црква постхумно ја прекрстила Ана Франк во мормонизам веќе неколкупати. Мормоните имаат обичај постхумно да крштеваат луѓе чијашто религија не е поврзана со Исус Христос. Како и луѓето кои живееле пред Христа, за да имаат прилика да го прифата овој месија и да си обезбедат себе вечен живот. Еврејската заедница порано имала забелешки на зачестеното покрстување на жртвите на Холокаустот и во 1995 г. со нивната црква склучила договор во која се забранува ова дејствување, меѓутоа тие одбиваат да се придржуваат до истото.

8. Официрот Карл Џозеф Силбербауер кој ја заробил Ана Франк и нејзиното семејство, после Втората светска војна станал член на известувачките служби на Западна Германија. Бил забележан дека го купил Дневникто на Ана Франкс за да види дали е спомнат во книгата.

9. Постарата сестра на Ана, Марго исто така имала дневник. Но тој никогаш не е пронајден. Постоењето за дневникот на постарата сестра Франк, Ана го спомнала во нејзиниот дневник. Меѓутоа секоја потрага за него во која се вклучувале и посетители и туристи во обиколка на нивниот дом била безуспешна.

10. Ана на својот дневник му се обраќала како на личност по име Кити. Некои веруваат дека Кити всушност е нејзината пријателка Кате Кити Егејди. Додека други тврдат дека Ана името Кити го позајмила од нејзниот омилен серијал книги со ликот Јеп тер Хел чијашто пријателка се викала Кити.

Можеби ќе ве интересира да прочитате и за „Дневникот на Ана Франк“ – симболот на хуманоста.

Напишете коментар