Skip to content

Бледо лице – Софија Величковска

Во песокта воздишки не постојат,

ниту душа се тлее,

а срце ко молња бие..

И не, нема да заборавам

оти во оние суви и долги ноќи

јас бев ѕвездата водилка што

душата ти ја галеше,

и крвта ти ја грееше,

но во мислите безброј

кули ти се рушат,

бледото лице станува црвено.

Жар.

Бес.

Бол и бес.

И не сакаш да си ја смениш судбината,

оти си детиште

што не знае што сака,

оти си детиште што чека

некој животот да му го промени,

ти си бледото лице во мојата приказна,

ти си безболниот несонувач

кој без сон ме остава..

Замини,

остави ми само крпчиња во боја,

избледените предмети ги фрлам во очај.

Замини,

остави ми убавина,

оти само со убавини се хранам,

и пелтечам,

и плачам,

и врескам,

а спасот само во природата го наоѓам,

таа ми е најубавото засолниште,

таму бегството ми е безбедно,

таму бледи бои нема!

Софија Величковска

Напишете коментар