Skip to content

Цитати од Волт Витман кој бил роден на денешен ден

Волт Витман бил роден на 31 мај 1819, Вест Хилс, Њујорк, САД , а починал на 26 март 1892, Камден, Њу Џерси, САД. Тој е американски поет, есеист, новинар и хуманист. Според Википедија, кога се зборува за творештвото на Витман, особено се нагласува улогата на Витман во изградбата на автентичната американска поезија. Се истакнува дека тој ја потврдил „декларацијата на интелектуалната независност“ на Америка.

„Хомер на новиот континент“

Бил прогласен за „бард на американската демократија“ и „Хомер на новиот континент“ (како што го нарекува Аница Савиќ-Ребац). Наречен е и поет кој претставува симбол на „личноста на Американецот“, синтеза на „сите највисоки особини“ на Американецот и кој „ќе го доврши неговиот развој онака како што му одговара на неговото битие“. Како поет кој „го создаваше американизмот којшто потоа го создаде идеалното човештво“ итн.

Прочитајте ги во продолжение неговите цитати.

1. „Секогаш насочувај го лицето кон сонцето и сенките секогаш ќе паѓаа позади тебе.“

2. „Биди љубопитен, немој да осудуваш!“

3. „Дали се спротивставувам на себеси? Сосема, во тој случај се спротивставувам, јас сум голем, содржам множества“.

4. „Душата остави ја мирна и составена пред милиони универзуми.“

5. „Научив дека ми доволно да бидам покрај оние што ми се допаѓаат.“

6. „Отсега не барам среќа. Самиот сум среќа.“

7. „Без сомнеж заслужив непријатели, но не верувам дека заслужив пријатели.“

8. „Повторно испитај што ти било кажано, потоа исфрли го она што ја повредува твојата душа.“

9. „Дај ми мирилизва сончева градина со прекрасни цвеќиња каде што ќе можам да чекорам непопречено“.

10. „Постојам затоа што сум јас. Тоа е доволно.“

11. „Уметност на уметноста, убавината на изразувањето и сонцето од светлината на буквите е во едноставноста.“

12. „Секој миг на светлина и темнина е чудо.“

13. „Иднината не е понеизвесна од сегашноста.“

14. „За мене, секој час од денот и ноќта е неописливо совршено чудо.“

Прочитајте ја и „О јас! О животе!“ – една од најзначајните песни на Витман.

Напишете коментар