Skip to content

Секогаш те сакав – Рабиндранат Тагоре

Секогаш те сакав, стотина пати
и во стотина облици,
од едно во друго време, од едно во друго раѓање
Ѓерданот од песни што го нижеше моето лудо срце
ти милозливо го ставаше околу вратот,
од едно во друго време, од едно до друго раѓање

Кога ги слушам бајките од древните оставини,
за љубовните болки од времиња дамнешни,
за средбите и разделбите од минатите епохи,
јас твојот облик го гледам
како ја привлекува светлината
низ темната маглина на вечноста,
и се појавува како ѕвезда
засекогаш утврдена во паметењето на Сѐ.

Ние двајцата допловивме во близначките струи на љубовта,
кои извираат од самото срце на Прапочетното.
Ние двајцата си игравме во животите на безбројните љубовници,
во осаменоста на болката полна со солзи,
во треперливата претпазливост на слаткото единство,
во старата, прастара љубов
што секогаш својот живот го обвинува.

Матицата на таа вечна љубов, која и понатаму тече,
најпосле ја најде својата совршена насока.
Сите радости и копнежи, сите болки на срцето,
сите сеќавања на миговите на занес,
сите љубовни песни на поетите
од сите времиња и поднебја,
од сите страни се собраа
во една единствена љубов
под твоите стапала.

Прочитајте ја и „Светлино, моја светлино“ – Рабиндаранат Тагоре.

Напишете коментар