Skip to content

Децата – Николина Ќорвезирoска

  • by

Еј цвеќенца росни бели
Што на ветрот си нишкате глави смели
Во ноќ ко изгубени бисери ситни
Го барате патот по полиња житни.

И вие бубамари со вашите убави шари
Со точки големи и мали..
Кои се вашите најдобри другари?

Еј дрвца стројни високи..
со убави крошни широки ..
зошто ги криете од нас сјајните ѕвезди?
и космосот на крајот од светот…

А овде на оваа малечка планета …
еден писател…сите вас
во прегратка ве чека…

Николина Ќорвезиорска

Напишете коментар