Skip to content

Мојата ѕвезда – Радован Павловски

Низ времето јас носам
и плодност и грижи
и радост и слава.

И плодот и крстот на својата земја
јас го носам –
Тука се моите страдања:

И под камен и на небо
и во постела бела
иста вршидба на зрно крваво.

А за мене олтар
пеат Вечност.
Јас сум свадба.
И сѐ што е пород
мој знак носи.

И колку сѐ повеќе се стемнува
мојата ѕвезда
сѐ повеќе е јасна.

(Зрна 1975)
Наша книга Скопје 1986

Напишете коментар