Skip to content

Избор песни: Страшен миг – Евтим Клетников

„Неискажливо“ е збирка со поезија од почитуваниот автор Евтим Клетников. Прочитајте ги во продолжение стиховите кои ги одбравме во овој блок поезија.

Страшен миг

Тоа беше миг кога молк
ги налегна усните на љубовниците
и кога некоја го беше собрал од нив
пурпурот на насмевката,
а потоа на носила ја однел
љубовта на закоп.
Ох, беше тоа толку тажно
што молкнаа и водите од ужас
и место нив камењата запеаја,
з а да не остане тагата неопеана.
Тогаш сѐ стави катанец на слухот,
никој не можеше да го додржи тој глас.
Само нежноста се осмели
да го отвори прозорецот на својата рана
кон таа песна која го тркала
низ ѕвездите и низ срцето на Човекот
Живиот Камен на болката.
Ѝ беше заповедано и Него
да го земе на себе таа,
бидејќи и покрај сите лузни
како Исус, самата Исус,
нејзе ѝ е доделено за имот
спасението на светот.

Напишете коментар