Skip to content

Мајка

Споделувам неколку мои хаику песни посветени на мајката:

 

Мајчина прегратка

Немирен сон во бол

Мината желба

 

Мајчина насмевка

Вечен спомен

Останува во срце

 

Очите на мајка ми

Две сребра

Кои прават прстен

 

Мајчините  дланки

Закрила во сон

Лулашка од виножито

 

Мајчините веѓи

Две езера

Кои прават море

Напишете коментар