Skip to content

Славеј

Песнопоиш и во темните призраци на сонцето

Барајќи ја залутаната љубов

Крилјата ти треперат од татнежна грлина

Будиш сонливи поети

Перата им стануваат славеј

Ги шараат  со звуци на трагачки љубови

Хартијата се распарчува на парчиња кои горат

Така

Темните призраци допираат до душите на вљубените.

 

Песнопоиш и во дневните зраци на сонцето

Барајќи ги љубовите изгубени во минатото

Поетите се будни

Перата нивни се љубов, знаеш?

И сѐ посилно пееш

Давајќи храброст на вљубените

И тие стануваат песпопојни поети

Кои дено-ноќно пеат

За да ја оживеат љубовта на заспаните љубови.

Напишете коментар