Skip to content

11 цитати од Томас Ман: „Љубовта, а не разумот е таа која е посилна од смртта“

Томас Ман бил еден од најголемите германски  писатели, есеисти, критичари. Роден на 6 јуни 1875 година во Либек, а умрел во Цирих во 1955 година. Негови најпознати дела се „Волшебниот рид“, „Доктор Фаустус“, „Смрт во Венеција“. Тој е добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1929 г. Прочитајте во продолжение неколку негови најинтересни изреки.

1. „Љубовта, а не разумот е таа која е посилна од смртта“.

2. „Со големиот човек често одат и големите грешки.“

3. „Дури и штетната вистина вреди повеќе од корисната лага.“

4. „Кога планираме потомство, мора да имаме во предвид дека доблестите не се наследни.“

5. „Времето лади, времето ги прави нештата појасни. Ниеден човек не може да остане непроменет после неколку часа.“

6. „Говорот сам по себе е цивилизација“.

7. „Човечкото однесување добива смисла во рамките на негвото однесување, потреби и мотиви.“

8. „Поради добрината и љубовта човекот не смее да дозволи смртта да има суверенитет во неговите мисли“.

9. „Никогаш не можам да сфатам како некој не може да пуши. Тоа може да му го скрати на човекот најдобриот дел од неговиот живот. Со добра цигара во неговите усни, човекот е совршено сигурен и ништо буквално не може да го допре.“

10. „Сѐ е политика.“

11. „Голема вистина е дека на вистината исто така спротивност ѝ е вистина.“

Можеби ќе сакате да ги прочитате и следниве цитати од Волт Витман.

Напишете коментар