Skip to content

Избор песни: Перје – Јосип Коцев

Лежиме врз перје од птици
што никогаш не одлетаа на југ.
Ми ја мериш душата:
една педа соништа.
Ветрот ми благодари во земјата од црно перје,
за светот што го ослободив од сенки,
облекувајќи ги на себе.
На кожата од време носев груби години,
патував низ смртни тела
и те пресоздавав секаде каде што те немаше.
Таму каде што ти беше смеа,
јас се претворав во скокот.
Таму каде што ти беше грев,
јас лесно станував прошка.

Напишете коментар