Skip to content

Цитати од Анаис Нин кои ќе ве остават без зборови

Животот на Анаис Нин, француска писателка, бил исклучително специфичен, исполнет со бројни полемики и интриги. Останала запамeтена по своите дневници, кои ги водела преку шеесет години. Истите ги објавувала без цензура. Всушност, целиот нејзин живот бил без цензура. Освен по дневниците, позната е по еротските романи, боемскиот живот во полигамија. Меѓу нејзините љубовници се вбројува и познатиот писател, Хенри Милер. Меѓутоа, во морето од нејзината еротска проза, се заборава дека Анаис ја проучувала психоанализата. Напишала бројни есеи како да се живее слободен живот. Секое нејзино дело е една бесконечна уметничка креација. Во оваа прилика издвојуваме неколку нејзини цитати:

1. „Пишуваме за да го почувствуваме животот два пати – во дадениот момент и во ретроспектива.“

2. „Доаѓа тој ден кога ризикот да ви биде тесно во сопствена кожа станува поголем од ризикот од расцветување.“

3. „Јас животот го познавам лирски, мелодично – моите чувства се посилни од причините и перцепциите. Жедна сум за чудесното и таа желба е единственото нешто што може да ме преплави. Сè што не можам да претворам во нешто чудесно, само го оставам. Реалноста не ме воодушевува. Верувам само во екстаза, во слобода и кога животот ме тресе – бегам, каде било. Нема повеќе ѕидови.“

4. „Не се развиваме хронолошки. Понекогаш се развиваме во една димензија, а понекогаш во друга – нерамномерно. Ние сме релативни. Зрели сме во еден поглед, детинести во друг. Составени сме од слоеви, клетки и соѕвездија. Зарем тоа не е прекрасно?“

5. „Улогата на писателот не е да го каже она што сите би можеле да го кажеме, туку она што никој не знае или не смее.“

6. „Ако не дишеш преку пишување, ако не плачеш преку пишување, ако не пееш преку пишување – тогаш немој да пишуваш. Културата нема никаква корист од тоа.“

7. „Верувам дека човекот пишува за да создаде свет за себе во кој би можел да живее.“

8. „Непознатото беше мој компас. Непознатото беше моја енциклопедија. Непознатото беше и остана моја единствена наука.“

9. „Луѓето кои го живеат животот со полни гради немаат страв од смрт.“

10. „Последна лекција што ја учи секој писател е дека сè може да го нахрани и инспирира. Вокабулар, новооткриен збор, патување, средба, разговор на улица, книга, нова научена фраза – апсолутно сè.“

11. „Бавењето со уметност е еден вид на лебдење – одвојување на своето битие од заробеноста на земјата.“

12. „Креативната личност никогаш нема да остане во првиот свет што ќе го открие. Таа не знае за граници и не може да послуша ништо.“

13. „Животот е толку флуиден што нам ни останува само да се надеваме дека барем еднаш сме успеале да зграбиме свеж и чист момент на уживање, а при тоа да не сме го уништиле.“

Прочитајте ги овие цитати од Томас Ман.

Напишете коментар