Skip to content

Документарен филм од последното интервју со Рахилка (Фирфова) Ѓоргова, најголемата љубов на Рацин

„Музата на поетот“ е името на овој документарец кој е снимен со најголемата љубов на Рацин – Рахилка Фирфова (Раца.) Ова е сторија за љубовта, сторија на животот, сторија за возвишеното, според сценарио на Стоилко Андреевски. Во видеото имаме можност да ја видиме Рахилка како раскажува сеќавајќи се за преписката меѓу нив која била еднострана.

Силна платонска љубов на поетот

Таа веќе во подоцнежна возраст со селективна меморија зборува за тоа дека го видела. Со нејзини зборови: „Ни тој ни ја својот глас не сме си го чуле“. Рахилка зборува како почнале да стигнуваат тие картички за кои и самата не знае како се зачувани.

Кога Раца се омажила, Кочо во преписката им го честитка бракот со следниве реченици: „Биди среќна, благодарам за сѐ. Среќа ви посакувам, не болка и солзи. Само болот е мој, не нашата љубов. Колку ли лудо ве сакам во болка. Па ако поминете утре со наведната глава, немо покрај мене, божествена жено знајте само: „Посилно одошто змијата кога сите отрови со болка подлабока од мојот гроб, те поздравува срцето што пати по вас““.

Рахилка раскажува како картичките “исчензле“ од нејзиниот дом, а таа на многу интересен начин и случајно открива дека ги нема. „Не мислев дека тука и јас имав некој удел. Игра на времето на животот. Само сум сметала дека постои нешто во него внатре, кое е дојдено до степен да избие“. Раца скромно ќе каже: „Дали имам јас некаква заслуга не знам. Некој сака да каже да, а јас не мислам баш така. Мислам дека сѐ е тоа толку негово и толку нараснало и сака да избие надвор од кожата“.

Една од картичките на која стиховите се испишани со крвта на Рацин (Фото: К. Попов)

 Една од картичките на која стиховите се испишани со крвта на Рацин (Фото: К. Попов)

На прашањето дали ѝ годи што претставува муза на поетот, ќе каже дека и тука нашла една умереност. Дека не сака да претерува и да биде со чувство на мерка. Вели: „Сѐ си го препишувам на неговите гени, наследни особони. Нешто што си го носи своето секој сам со себе“. Зборува за неговата прва стихозбирка „Бели мугри“ која стигнала со посвета за неа, а потоа ја загубила.

На крајот зборува за неговата смрт во Лопушник и сомнежните што се јавиле во тоа време токму за неговото загинување. Ова нејзно сведоштво, како и текстот во самите преписки зборува колку била силна и чиста неговата љубов кон нејзе.

Картичките се дел од архивскиот фонд „К.Рацин“ на Архивот на МАНУ.

Погледнете го ова сведоштво на Раца во видеото во продолжение.

Музата на поетот – краткометражен документарен филм

Напишете коментар