Skip to content

Јуни – Маја Малиновска

Молскот убав празничен со порој од дожд и сонце
Јунски ветер кој доаѓа од преселнички југ
Јунона го пресече почетокот на година пола
Јунскиот воздух го прелета песната на славејот
Убавина во напој, детска игра
Мирис на булки, на грмушки покрај идила речна
Таква е јунската приказна, весела, вечна.

Во полукруг се врти, децата со насмевка ги гали
Ги тера на игри, детски, палави и мали.
Зеленило од среќа,
Слобода и син морски шир.

Јуни е немирен, шарен и мил
Сонце и месечко играат бал
Над синото море и земјата плодна
Децата прават карневал.

Напишете коментар