Skip to content

Што е Паладиум и зошто бил толку значаен во антиката?

Во грчката и римската митологија, паладиумот или паладионот бил култна слика за која се тврдело дека зависи безбедноста на Троја, а подоцна и на Рим. Тоа била дрвена статуа (коанон) од  Атина која Одисеј и Диомед ја украле од тврдината на Троја а која подоцна Енеја ја однел во Рим. Римската приказна е поврзана со Енеида на Виргилиј и други дела.  Неколку векови Рим поседувал предмет што се сметал за вистинскиот паладиум; речиси цело време за него се грижеле Весталките

На англиски јазик, од околу 1600 година, зборот паладиум се користел фигуративно за да значи нешто за што се верува дека дава заштита или безбедност,  и особено во христијанскиот контекст тоа биле свети мошти или икона за која се верувало дека имаат заштитна улога за време на војна за целиот град, народ или нација. Ваквите верувања за првпат станаа истакнати во Источната црква во периодот по владеењето на византискиот император Јустинијан Први, а подоцна се проширија и на Западната црква. Паладиумите се носеле во поворка околу sидовите на опколените градови и понекогаш се носеле во битка.

Потекло

За тројанскиот паладиум се вели дека била дрвена слика на Палас, божица која Грците ја идентификувале со Атина, а Римјаните со Минерва) и дека паднала од небото како одговор на молитвата од Илус, основачот на Троја.

Пристигнување во Троја

Пристигнувањето на Паладиум во Троја, за кое била заслужна  Атина заради каење за смртта на Палас, како дел од митот за основање на градот, грците различно го раскажувале уште од седмиот век п.н.е. Паладиумот бил поврзан со Мистериите на Самотраки преку предиолимписката фигура на Електра, мајката на Дарданус, предок на тројанската кралска лоза, и од Иасион, основачот на Мистериите на Самотраки.  Во Илион, кралот Илус бил ослепен кога ја допрел сликата за да ја спаси од запалениот храм.

Кражбата на Паладиумот

За време на Тројанската војна, важноста на Паладиумот за Троја се вели дека им ја открил на Грците Хеленус, пророчкиот син на Пријам. По смртта на Париз, Хеленус го напуштил градот, но бил заробен од Одисеј. Грците некако успеале да го убедат воинот-гледач да ја открие слабоста на Троја. Грците научиле од Хеленус, дека Троја нема да падне додека Паладиумот, сликата или статуата на Атина, останал во ѕидовите на Троја. Тешката задача да се украде оваа света статуа повторно паднала на рамениците на Одисеј и Диомед. Бидејќи Троја не можеше да биде заробена додека ја имала оваа слика, Грците Диомед и Одисеј со таен премин се пробија до тврдината во Троја и ја зеле со помош на Елена Тројанска. На овој начин, Грците тогаш можеа да влезат во Троја и да го уништат градот користејќи ја измамата на Тројанскиот коњ.

Пристигнување во Рим

Според различните верзии на оваа легенда, Тројанскиот паладиум пристигнал во Атина, или Аргос, или Спарта  или до Рим во Италија. Во Рим го донел Енеја, прогонет Тројанeц или го предал самиот Диомед. Вистинскиот предмет за кој се сметаше дека е Паладиум несомнено се чувал во Храмот Веста во Римскиот форум неколку векови. Се сметаше за една од pignora imperii, свети знаци или залози на римското владеење (империум).

Кога контроверзниот император Елагабалус (владеел 218 – 222 г. н.е.) ги пренел најсветите мошти на римската религија од неговите светилишта во Елагабалиум, меѓу нив бил и Паладиум. Во доцната антика, се зборувало дека Паладиум бил пренесен од Рим во Цариград од страна на Константин Велики и ставен под колоната Константин на неговиот форум. Таквиот потег можел да го поткопа приматот на Рим, а Константин природно го сметаше за потег за легитимирање на неговото владеење.

Прочитајте ги Митот за Елена Тројанска, која била таа?, Римскиот мит за Енеја и Култот за римската енигматична божица Веста за повеќе детали за Паладиумот.

Напишете коментар