Skip to content

Избор песни: „Концерт“ од Гане Тодоровски

Во продоложение прочитајте ја песната „Концерт“ од збирката Апотеоза на делникот (1964) од македонскиот поет Гане Тодоровски. Уживајте во читањето на овие прекрасни стихови.

Едноставно претпоставете си:
Билети немате и треба
потајум да се мушнете во салата!
О, не плашете се! Концертот вечерва е гала
и под отворено небо!
Елате преку тепихот зелен
послан помеѓу колонади од јасики и брези,
слободно влезете, без влезници,
вие заљубени и вие запролетени,
за да ја слушнете аријата на будењето!

Елате сите склони за самеење,
елате сите заљубени и сите распролетени,
елате сите претходници на радувањето,
елате сите поклоници на младувањето,
елате сите пленици на лудувањето,
елате, елате, ќе треба оваа вечер
колку што може пошумно и посвечдено
на пролетта да ѝ приредиме топол пречек.

Во чест на пролетта кревките лисја шумат,
слушнете, шумат благодарно и смирено,
во чест на пролетта и месечината
својата сребрена радост ја декларира,
во често на пролетта и крвта шуми,
слушнете, шуми немирува низ стапките
на сите првопроодени во љубовта,
на сите нејзе што ѝ се доверуваат,
на сите детински искрено што ја почитуваат.

Елате вие заљубени и вие распролетени,
никогаш од никого недовршената
симфонија на младувањето
вечерва вам ви е ветена!
Слушнете ја во вените, во капиларите,
во градите девојчински расцутени,
во хлорофилот, во воздишките, во дамарите,
во гласното гугукање на птиците,
во додворуањата на љубовниците,
слушнете ја и нека:
очите на сите завистливи да ослепат,
и нека:
оковите на многуте обѕсирност да прснат,
нека:
вечерва виор од семоќ ве вивне
во витлите на многурадувањето,
о, вас заљубени и распролетени!

Апотеоза на делникот (1964)

Напишете коментар