Skip to content

Ратко Зврко – Крокодилски солзи

Ратко Зврко (Белград, 20 април 1920 година – Дубровник, 23 септември 1998 година), бил хрватски писател, новинар и боксер. Песните првично ги објавувал под псевдонимот Маријан Вучиќ во периодични изданија и во неколку збирки и сликовници. 

Ја пишува позната збирка песни за деца  Грга Чварак, која за првпат беше објавена во 1967. За истата збирка ја доби и книжевната награда Григор Витез истата година.  Стана една од најобјавуваните книги во хрватска литература за деца и составен дел од училишните лектири. Пишувал и песни за возрасни. Во 1978 година тој напиша биографија на познатиот хрватски боксер Мате Парлов – Златните ракавици на Мате Парлов. 

Ви ја преставуваме неговоата детска песничка Крокодилски солзи.

Крокодилски солзи

Утринава крај Нил, велат,

се собрала една смела

крокодили чета цела.

 

Најстариот од нив свесно

се испулил лево, десно

па извикал многу бесно:

 

-Леле, браќа, тешка мака

стигна писмо, стои вака,

од град Загреб, токму така.

 

Од завчера, знајте вие

една клинка, срам да и е

нејќе млекце да си пие.

 

До што крокодили биле

сите страшно се вџасиле.

 

Веста в миг ги растажила,

растажила, нажалила,

па плачеле, в грч се свиле

од што толку тажни биле.

 

Со солзите зло се згоди

низ Нил веќе не се броди

надојдоа страшни води.

 

Разурнаа многу брани,

поплави на сите страни,

од водите – одвај педа

на старите пирамиди

само врвот им се гледа.

(препев Васил Пујовски)

Напишете коментар