Skip to content

4 индиски мудрости кои ќе ви го променат животот

Сонцето изгрева и заоѓа секој ден. Плимата и осеката доаѓат и си одат. Сè околу нас постојано се менува, па така е и со нашиот живот. Нашиот ум се менува. Се менува структрата на нашите уверувања, она што ни се допаѓа и она што не ни се допаѓа.

Некогаш се прашуваме дали сето тоа има смисла. Се прашуваме дали треба да го направиме ова или она. Дали сме ја донеле правилната одлука? Aко не сме ја сретнале таа личност, сега сè би било различно. Ако, ако, ако… Очигледно, не е така лесно да го прифатиме животот таков каков што е.

Постојано се обидуваме да ги избегнуваме грешките. Даваме сè од себе за да бидеме добри во меѓучовечките односи. Она што следува во овој текст се четири закони на духовноста кои доаѓаат од Индија. Овие принципи помагаат да чувствуваме помалку притисок во споствената кожа и прават да се ставиме себеси во центарот.

1. Личноста која ќе се појави е вистинската личност

Кој не се запрашал барем еднаш во животот „Како воопшто се заплеткав во тој однос? Што да правам со овој човек? Што тој или таа сака од мене? Kако можев да испаднам толку глупав/а?“

Искрено кажано, никој не доаѓа во нашиот живот случајно. Сите се среќаваме со одредена цел. Да доживееме некакво искуство, да научиме лекција, да бидеме во контакт, да се почувствуваме живи.

Се среќаваме со некого, се дружиме некое време и секогаш се разделуваме. Природата на овој свет е да е зачинет со илузија и минливост. Затоа, кога се обвинувате себеси заради средба со некоја личност, застанете за миг и запрашајте се: „Што треба да научам од овој однос?“.

2. Она што се случило е единствено нешто што можело да се случи

Некогаш навистина се измачуваме себеси. „Само да го направев тоа и тоа. Само да разберев. Само да видев што навистина се случува.“

Всушност, ништо што ни се случило во животот не можело да биде поинаку. Дури и до најситен детаљ сè што ни се случило, се случило токму онака како што требало да се случи. Само така сме можеле да научиме лекција и да продолжиме понатаму.

Животот е добар. Животот е совршен. И таков е каков што е заради некоја причина. Оваа вистина им е позната на сите. Особено на оние кои поминале низ животни тегоби и успеале да се извлечат од нив.

3. Кога и да започне нешто, токму тоа време е вистинско за тоа

Ништо не се случува ни порано, ни подоцна, туку токму тогаш кога е вистинско време. Но кога е тоа “вистинско време“? Тоа е токму тогаш кога сме спремни. Кога сме спремни нештото да се случи, тоа се случува и точка.

Понекогаш ни е јасно дека работите треба да се сменат, но не гледаме секогаш кога. Разбирањето и сочувствувањето кон самите себе е од големо значење. Ние знаеме дека би требало да биде поинаку, но немаме сила да тргнеме напред. И знаете што? Секогаш е потешко да се живее со познатото или непознатото и со својата не можност да се тргне напред. Тоа е потешко од самото тргање напред. Одењето напред е многу полесно.

Работите ќе се случат кога е време за нив. Сè може да испадне многу поубаво од она што сте го замислувале. Почекајте го својот момент. Тој ќе дојде. Во универзумот ништо не е постојано, а најверојатно ниту вие нема да го избегнете овој закон.

4. Кога нештото ќе заврши – завршило

Многумина од нас имаат тешкотии со прифаќање на овој принцип. Добивање отказ, губиток на нешто или некој, процесот на жалење, а потоа продолжување со животот по еден поинаков пат. Порано или подоцна, сите ќе се соочиме со помали или поголеми краеви во нашиот живот. Денот има свој крај, исто како и ноќта. Животот има свој крај, но исто така и болката која настанува како последица на загубата. Кога нештото ќе заврши, му било време да заврши. Ни порано, ни подоцна. Едноставно е така. Иако е тешко да се прифати.

Прочитајте зошто туѓото мислење не треба да ве повредува.

Напишете коментар