Skip to content

Скитничка душа – Емилија Боинска

Ритамот, динамиката по која се движат возовите ти причинуваат задоволства коишто ги гледаш преку прозорецот, како еден брз филм. За случајните скитачи покрај пругите, зеленилата, реките, планините. Сето тоа време поминато во кабините на возовите те инспирираат за длабоки размислувања. Слушајќи ја музиката која што ја произведува таа железна влечуга те тера да се замислиш дали навистина крие нешто посебно во тој звук, носталгија или пак романтика зачинета со доза надеш.

Железната влечуга снажно ги влечеше напред луѓето со нивниот товар. Некои од тие луѓе одеа кон своите домовие а пак некои бегаа од своиоте домови. А имаше и такви талкачи кои што тргнале да чекорат во непознатото. Имав слушнато дека домот е тамо кај што е и срцето.  Но што ако ги заборавиме нашите срца скитајќи во далечините на светското пространство? Тежината на возовите е голема, никој не знае колку заборавени срца се крие во секоја од кабините.

Ги затври очите за момент, а пред него излегоа сцени од топлиот кревет во кој што спиел додека  рстел. Ги почуствува емоциите кои што се готват во неговиот стомак, за таа безгрижност тој сладок спокој, мирисот на топлиот чај кој што ја красеше комфортноста на тие зимски утра во кои што растел. Позади затворените очни капаци го здогледа и стариот малку накривен автобус кој беше темел на неговата талкачка кариера. И одеднаш ги отвори очите се погледна во огледало и гледаше скитник.

Човек со топла глава и расцветано срце и двете исполнети со задовалства и незадоволства. Побогат и посиромашен во исто време, изгледа животот секогаш си го наоѓа својот баланс. Таа детинеста љубопитност ги прошетала неговите две нозе и по топлите пеколни патеки, но и по мирните рајски градини. Како вечен набљудувач ги посматраше луѓето како фрлаат кал врз котвите на своите бродови за да ги зацврстат подобро. А тој одамна ја пресече својата котва, неговиот брод веќе долго време  пловеше слободно без никаква контрола.

Луѓето  го гледаа со восхит, и  го прашуваа од каде ја наоѓа таа храброст а се впушта во егзотичните животни идили, а тој ќе им одговори со насмевка, затоа што знаеше дека тоа не е храброст туку љубопитност. Познатото и непознатото двајца стари пријатели, едниот вели на другито „луѓето се плашат од мене“, а пак другиот смешкајки се му вели „кај мене луѓето толку многу уживаат што понекогаш не се осмелуваат да ме напуштат сѐ до нивната смрт“.

Неговата детска љубопитност  не можеше да разбере како луѓето можат да се задоволат со толку малку. Огромни куќи, скапи автомобили, дваесет дена одмор на море и пак се враќаат на нивните закотвени бродови. Можеби никогаш нема ни да рзбераe сепак тој е скитник кој што верува дека нема нешто помоќно од човечка душа која што гори и пламти само за уште  еднаш да ја почувствува  уникатноста од којашто ти се ежи и сопствената кожа. Скитник кој живее денес и не се грижи за утре.

Сепак овде сме гости, животот ни е една мала посета, за тоа овој скитник не брза. Ги мириса цвеќињата, му се радува на сонцето и ја слуша омилента песна кога врне. Стуткан во длабочините на уличниот бар. Еден ден ќе се разбуди во тело  на старец. Лицето ќе му биде збрчакно, кожата згужвана, коските крцкави и уморни. Но тој скитник со насмевка ќе се присети  на сета  убавина  кој што ја почувствувал  и подарил во животот.

И тогаш ќе знае дека неговиот живот не бил залуден. Пламенот ќе го обвие неговото тело и сѐ што ќе остане на крај е само сивата пепел. Ветрот ќе ја распраска по земјината површина давајќи му го одморот на тоа скитничко тело кој што го заслужува.

Емилија Боинска

Напишете коментар