Skip to content

Звукот на падната паричка (кратка поучна приказна)

Во една прилика еден белец го поканил својот пријател, индиец на гости во големиот град. Белецот го изнесол индиецот во разгледување на градот и додека пешачеле, индиецот оденаш рекол: „Слушам штурец!“

– Невозможно е од толкава бука, брмчење на автомобилите и галама, ти да го слушнеш штурецот – рекол белецот.

Индиецот после овој одговор, се наведнал, ја разлистал грмушката и го покажал малиот штурец.

– Како? – прашал белецот.

Тогаш индиецот побарал една паричка и ја спуштил на тротоарот. Паричката заѕвечила. Минувачите запреле и се свртеле кон местото од каде што доаѓал звукот на паднатата паричка.

– Она што си научил да го слушаш, ќе го слушнеш без оглед колкава е буката и на кое место е – одговорил индиецот – гледаш  овие луѓе во буката ја слушнаа паричката, но штурчето не.

Прочитајте ја и приказната за ракоплескање во знак на благодарност.

Напишете коментар