Skip to content

Земјата не би можела – Анте Поповски

Одново кога би се случило
земјата да му се врати на нередот,
да му се врати на својот колосален хаос,
на бесконечноста и на пустошот
од што потоа пак би одекнал
големиот big-bang,
во таа повторна експлозија
воопшто не е веројатно
дека одново би бил создаден човекот:
земјата, сепак, не би можела да ја издржи
таа голема реалност –
бесконечните човекови страдања…

Напишете коментар