Skip to content

Јунско утро

Едно утро во јуни, се раслече небото од облаци во сонце. Никаде ја немаше твојата насмевка. Мислев дека ќе те видам зад облаците, но не се појави. Видов само собир на ангели кои очекуваа триумфално да се појави призрак облеан со сонце. Трубите им беа спремни и го слушав ѕвекотот на лимот кој протекуваше низ нивните прсти. Наеднаш се појави призракот. Со крената глава чекореше по небесниот свод. Чекореше  толку достоинствено што помислив дека ангелите ќе ги наведнат своите глави и ќе настапи молк.

Шшшшш! Поминува сончев призрак!“ – слушав како викаат ангелите ѕвонејќи со небеските ѕвончиња.

Слушнав труби. Беше величенствено. Празнично. Но, не ја видов твојата насмевка. Можеби ја сокри призракот кој беше облеан во сонце. Или можеби твојата насмевка е сонце која го буди секој мој ден? Да, тоа си ти, денот што ми го будиш и ја вадиш темнината од моите мисли, од мојот живот. Така беше и тоа утро. Тоа јунско утро, тогаш кога небото се раслече од облаци во сонце. Да, тоа беше твојата насмевка која ме пратеше цел ден и ми го осветлуваше патот по кој одев но не можев да стигнам до тебе.

Напишете коментар